|
20.06.2012 - Летниот период кога по улиците и пазарите има повеќе луѓе е најпогодно време за крадците-џепчии
Ако некогаш се зборуваше за крадци, денес може да се зборува за "професионални" крадци. Организирани или индивидуално, со нови техники на крадење и добро разработена стратегија, се се потешко достапни за правдата. Најновата мета на тетовските џепчии се мајки со деца во колички кои внимавајќи на детето и сообраќајот, најчесто го испуштаат од вид паричникот, а тоа невнимание крадците вешто го користат да се стекнат со материјална корист.
Минатата година во Тетово регистрирани се 3 џебни кражби, кои се финализирани со исто толку кривични пријави против непознат сторител, додека годинава е пријавена една ваква кражба. Според сознанијата на СВР Тетово бројот на извршените кражби е поголем, но истите најчесто не се пријавуваат поради незначителни штети или поради страв што им оди во прилог на крадците да го повторат делото.
Само 5% од крадците се клептомани кои имаат пореметување на нагоните. Сите други крадци од кражбата добиваат материјална корист на штета на другите граѓани.
Најчеста мета на тетовските „долги прсти’’ кои на ваков начин сакаат да се стекнат со матетијална корист се жени или постари лица-пензионери, кои кога пазаруваат во продавници, кога подигнуваат пензии и плаќаат сметки, со себе ги носат банкарските картички и нивните пинови, по што крадците од различни банкомати им ги празнат сметките. Граѓаните се свесни за оваа појава па како што ни ијзавија внимаваат на својот паричник.
Летниот период им е најпогоден на џепчиите кога по улиците и пазарите има повеќе луѓе, но и на професионалните крадци кои оперираат додека семејствата ги користат годишните одмори. Според сознанијата на полицијата, овие крадци најчесто своите потенцијално жртви ги проочуваат извесен период пред да тргнат во акција. Со некој изговор може и да заѕвонат на врата и да проверуваат кога семејството е дома, а кога не, колку често и колку долго се задржуваат членовите на семејството надвор од станот или куќата.
Наташа Петровска
|
|