|
22.06.2012 - Фирмата Витасол неодамна пред жителите на Дубаи ги презентираше здравствените ефекти на солената терапија
Фирмата Витасол, продолжува со своите успеси.
На покана од германската велнес академија Сенсис, која претставува една од водечките во Европа, Витасол беше избрана од повеќе од 1500 солени соби во цела Европа да ја претставува солената терапија на гала вечер која се одржа во Дубаи.
Тимот на Витасол пред присутните ги презентираше здравствените ефекти на солената терапија.
Граѓаните на Македонија веќе неколку години имаат можност да уживаат во благодетите на солта. Посетата на солената соба има многу бенефити за здравјето на луѓето.
Инаку Солени соби на Вита сол покрај во Тетово, има и во Скопје, Гостивар, Битола, Струга и Штип.
Данијела Петковска
|
|