24.06.2012 - Граѓаните кои годинава не се во план да отидат на одмор, или датумот кој го планирале за него се уште е далеку, базенот Тропико во Брвеница е вистинско решение за разладување на овие високи температури

Базенот Тропико во Брвеница и оваа летна сезона со полни раце работа и подготвен да ги дочека сите оние кои се уште ги паметат убавите мигови од лани кои им се случуваа токму овде.

Двата базена, едниот за возрасни и другиот за деца, е вистинскиот избор доколку сакате да се разладите, а не сте во можност ова лето да заминете на годишен одмор или не можете да го дочекате датумот кој го планирале за него. Водата во базените е бактериолошки и хигиенски ипсравна, испитана од санитарна инспекција што значи дека е сосема безбедна во неа да се разладувате ако не цел ден, барем додека надвор од неа температурите го достигнуваат и четириесетиот степен. Базенот Тропико има сопствен шанк каде можете да се освежите со безалкохолни и алкохолни пијалоци, како и ексклузивни коктели.

Луѓето кои доаѓаат тука се презадоволни од она што им го нуди базенот. Некои доаѓаат за првпат, а некои веќе неколку пати биле овде, но сигурно е дека и едните и другите повторно ќе дојдат. Базенот Тропико е вистински рај особено за најмалите.

Базенот Тропико во Брвеница и оваа летна сезона, ексклузивно за своите посетители нуди организирање на приватни забави по најразлични поводи, како веридби, момински и ергенски забави, родендени, имендени и слично.

Данијела Петковска


 
     


 
 
23.05.2013 - Одбележан патрониот празник на основното училиште Кирил и Методиј од Тетово

23.05.2013 - Божествена литургија по повод денот на Св. Кирил и Методиј утре во црквите во Тетово

23.05.2013 - За два до три месеци ќе биде завршен резервоарот во населеното место Сиричино со што што сите населени места од долниот дел на општина Јегуновце ќе се поврзат на новиот регионален водоснабдителен систем

23.05.2013 - Квалитетните сместувачки капацитети и погодните временски прилики се причина за значителната посетеност на Попова Шапка

23.05.2013 - Заврши превентивно-едукативниот проект „Правна социјализација на младите во Република Македонија“

23.05.2013 - Акција на сообраќајната полиција во Полошко

23.05.2013 - Продолжи судењето против обвинетите од НЛБ Тутунска банка за незаконски доделување на кредити

22.05.2013 - Православните верници денес го одбележуваат празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Црковно народен собир се одржа во тетовско Слатино во пресрет на празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Празникот Св. Јован Богослов вчера се прослави во Отушиште

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.