24.06.2012 - Комарците во овој период од годината се се позачестена појава во полошките општини Брвеница и Јегуновце

Со илјадници комарци преносители на заразни болести кои немилосрдно ги касаат луѓето. Во вакви услови веќе неколку години живеат жителите од руралните полошки општини. Овие инсекти најмногу ги има во општините Брвеница и Јегуновце. Во голем број се појавуваат во летниот период во доцните попладневни часови, а мештаните ретко кога се осудуваат да излезат од својот дом или пак да отворат прозорец.

Од Општините Брвеница и Јегуновце најавуваат дека од наредната недела, нивните служби ќе извршат дезинсекција. Од таму велат дека задоцниле со оваа активност, поради тоа што првично било договорено заедничка дезинсекција на сите полошки општини, но од финасиски аспект подоцна утврдиле дека е тоа неисплатливо.

Здравствените работници апелираат надлежните да не ја одолговлекуваат постапката со прскањето против комарци.Поради климатските промени, кај нашите соседи Албанија и Грција е појавен тигрестиот комарец типичен за африканските земји. Каснувањето од овој инсект носи тешки здравствени последици. Истиот може да се појави и во Македонија, доколку не се вршат редовни дезинскекции.

Ако досега овој инсект бил увезен од африканските земји сега истиот ендемски се појавува кај нашите соседи вели Д-р Давидовски. Симптомите на каснувањето од тигрестиот конмарец се треска и воспаление на мозокот со катастрофални последици.

Зоран Димовски




 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.