24.06.2012 - Во викендот што измина, мобилните екипи на Територијалната противпожарна единица во Тетово интервенирале во гаснење на 2 пожари

Намерното палење на мешан смет во контејнери во Тетѕово е омасовена појава која им создава тешкотии не само на граѓаните, туку и на вработените во Територијалната противпожарна единица. Речиси секојдневно интервенираме во гаснење на пожар намерно предизвикан во контејнер.
Се палат контејнери речиси низ сите делови на Тетово, а викендов намерно бил запален и сметот во еден од контејнерите во непосредна близина на СВР Тетово. Во гаснење на овој пожар била побарана интервенција на мобиланта екипа на ТПЕ која го згаснала пожарот и и придонела за сузбивање на штетен чад во ионака загадениот воздух во нашиот град. Спопред информацијата на мобиланта екипа на ТПЕ во Тетово во приблизжно исто време била опожарена бандера на улицата пролетерска во Тетово каде сито така било брзо интервенирано. Во тек е утврдувањето на причините и на околностите кои придонеле за избувнатиот пожар на бандерата во густо наслена населба во градот.

Намерното палење на смет, сува трева и стрништа, како и на оган на отворен простор е строго забрането, а за прекршителите се предвидени високи казни. Во колку и натаму продолжи намерното предизвикување пожар ќе бидат преземени конкретни мерки за идентификување и откривање на пироманите и за нивно повикување на одговорност. Соопштуваат од дежурната служба при ТПЕ во Тетово. Инаку, палењето на контејнери во Тетово во загрижувачки размери ја зголемува ионака присутната нечистотија на воздухот и претставува потенцијална опасност за проширување на огнот во околината.

Јован Булески


 
     


 
 
18.06.2013 - Кон крајот на годината ќе се сече лентата на новата филтер станица во Вруток

18.06.2013 - Континуирано и без проблеми тече процесот на аплицирање за издавање на електронски здравствени картички во Тетово, ценат од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување

18.06.2013 - Високите температури потенцијална опасност за избувнување пожари

18.06.2013 - Новиот генерален директор и членовите на управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје, вчера во Тетово беа претставени пред соработниците и клиентите на банката

18.06.2013 - Шумско индустрискиот комбинат Јелак од Тетово ќе се продава по намалена цена

18.06.2013 - Продолжи судскиот процес за незаконското доделување на 39 кредити во НЛБ Тутунска банка експозитура Тетово

18.06.2013 - Започнува Меѓународниот филмски фестивал "Watchout"

18.06.2013 - Стагнира спортскиот живот во Тетово

17.06.2013 - Дебата за статусот на реализација на политиките на Охридскиот рамковен договор се одржа денес на Универзитетот на Југоисточна Европа

17.06.2013 - Денес средношколците полагаа екстерни тестови

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.