28.06.2012 - Во инцидент во Гостивар летале навредливи зборови, тупаници и стакла од излози

Гостиварец се степал со својот познаник, па му ги искршил излозите на дуќанот во кој работел. Инциденатот се случил вчера во попладневните часови на улицата Иво Лола Рибар во близина на малото паркче во центарот на градот.

Според информациите од СВР Тетово, 48 годишниот гостиварец со иницијали Ѓ.Ф. отишол во бутикот каде работел неговиот 32 годишен познаник од Балиндол и започнал вербална расправија. Му се налутил зошто меѓусебните кавги и недоразбирања кои претходно ги имале, ги пријавил во полиција. Расправијата прераснала во тепачка во која двајцата размениле неколку тупаници. Во инцидентот се вмешал и чичкото на балиндолецот кој се обидел да ги смири.

Веднаш потоа нападнатиот го напуштил бутикот и се упатил кон Полициската станица со намера да го пријави случајот.

Најверојатно дополнително налутен поради тоа, Ѓ.Ф зел мотика и ги искршил излозите на бутикот и стаклото на вратата од дуќанот на чичкото што се наоѓал во близина.

Гостиварецот бил приведен, а од полицијата најавија пријави по целосно расветлување на случајот.

Љупка Антеска




 
     


 
 
22.05.2013 - Православните верници денес го одбележуваат празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Црковно народен собир се одржа во тетовско Слатино во пресрет на празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Празникот Св. Јован Богослов вчера се прослави во Отушиште

22.05.2013 - Социјалната нееднаквост меѓу луѓето што е се поизразена последниве децении придонесува луѓето се повеќе да чувствуваат љубомора и завист - предупредуваат психолозите.

22.05.2013 - И гостиварци против екстерното тестирање

22.05.2013 - Извршени акциски контроли во пет пекарници во Тетово

22.05.2013 - При сообраќајна незгода во Гостивар повредено 5 годишно девојче

22.05.2013 - Ќе се одржуваат свечености по повод празникот Свети Кирил и Методиј

21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.