|
28.06.2012 - Здружението на пензионери од Тетово ја издаде монографијата "65 години Пензионерска организација Тетово"
65 годишното функционирање на пензионерската организација на Тетово односно Здружението на пензионери на Тетово е запишано во монографија и со тоа зачувана историјата на еден значаен сегмент од животот во градот. На овој начин зачувани се голем број информации и податоци кои наредните поколенија ќе можат да ги запознаат со читање на монографијата "65 години Пензионерска организација Тетово".
Целта е да се забележат постигнувањата и успесите, да се укаже на евентуалните недостатоци и да се афирмира ангажирањето на пензионерите и на Здружението на пензионери Тетово во сите сфери од животот.
Ангажираните да работат на овааа монографија се судриле со неколку проблеми околу собирањето на материјалите, поради недостатокот на документирани податоци неколку периоди за време на постоењето на Пензионерска организација.
Истражувањето за организацијата придонело да се најдат податоци кои биле малку познати на јавноста.
Монографијата е 78 страници, а печатените изданија на маекдонски и албански јазик се споени во едно издание.
Данијела Петковска
|
|