28.06.2012 - Во Гостивар се дебатираше за состојбите во културата и насоките на културниот развој на подрачјето

Уметници, претставници од невладиниот сектор, културно-уметнички друштва и локалната власт во Гостивар дебатираа за состојбите во културата и насоките на културниот развој на подрачјето. Јавната расправа се организираше со цел да се слушнат мислења и забелешки пред Стратегијата за развој на културата во Гостивар да ја добие својата финална печатена форма.

Документот се изработува во рамки на проектот Култура од-за сите што го спроведува Мултимедија центар.

Според програмскиот директор Виолета Симјановска, Гостивар е позитивен пример за креирање Стратегија која се базира врз потребите и барањата на граѓаните.

Стратегијата е фокусирана на три цели: обновување на културната инфраструктура, промовирање на културните вредности и потенцијали и унапредување на менаџментот. Документот се однесува на периодот од 2012 до 2016-та година.

Во буџетот на општина Гостивар за годинава предвидени се околу 50 илјади евра за културни настани и активности.

Освен во Гостивар проектот Култура од-за сите се спроведува во Тетово и во Кичево.

Љупка Антеска


 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.