|
29.06.2012 - Средните училишта во Тетово денес ги истакнаа списоците на примени кандидати, откако изминативе два дена завршените осмооделенци се запишуваа во посакуваното училиште
Вчера заврши второто пријавување од првиот јунски уписен рок за завршените осмооделенци, а денес средните училишта ги истакнаа списоците на примени кандидати. Слободни места има останато во сите 6 средни училишта во Тетово.
Во средното општинско училиште гимназија Кирил Пејчиновиќ во паралелките со настава на македонски јазик се запишале вкупно 62 ученици, а слободни места има останато за 40 незапишани ученици. Во наставата на албански јазик примени се 544 кандидати, а останати се уште 270 слободни места.
Средно општинско медицинско училиште Никола Штејн во првиот уписен рок прими 25 ученици со настава на македонски јазик, 361 ученик во наставата на албански јазик и 11 во наставата на турски јазик. Непополнети останаа 135 места во настава на македонски јазик, 55 во наставата на албански јазик и 27 во наставата на турски јазик. Идните средношколци за најатрактивни оваа година ги сметале струката и физотерапевтски.
Вкупно слободни места 298 за учебната 2012/2013 година има останато во Средно општонско економско училиште 8 септември. Од нив 274 се во настава на албански јазик и 24 со настава на македонски јазик. Завршените осмооделенци за свое идно занимање повеќе го бирале профилот економски техничар.
Средно општинско стручно училиште Моша Пијаде на настава за учебната 2012/2013 година прими 82 ученика со настава на македонски јазик, а слободни места останаа за уште 224 кандидати, додека пак на настава на албански јазик прими 153 ученици, а слободни места остана за уште 510 кандидати. Инаку во ова училиште, слектротехничар и сообраќаен техничар се струките кои во првото пријавување ги бирале најголемиот број од пријавените кандидати.
Слободни места за 171 ученик по јунскиот уписен рок има останато во настава на албански јазик во Средно општинско текстилно училиште Ѓоце Стојчевски. Во наставата на македонски јазик останати се вкупно 33 слободни места за во августовскиот уписен рок. Профилите за кои учениците покажаа најголем интерес беа техничар за дизајн на облека и текстилен техничар.
Државно музичко Тодор Скаловски Тетоец на настава на македонски јазик прими 17 ученика, а исто толку слободни места остана за август. А во наставата со албански јазик прими 13 ученици, а слободни места има уште за 21 ученик.
Незапишаните ученици во јунскиот уписен рок ќе имаат ште една шанса да конкурираат во посакуваното средно училиште. Во августовскиот рок пријавувањето и запишувањето ќе се врши на 16 август, а слободните места ќе се објават наредниот ден. Училиштата кои во двата уписни рока нема да ги пополнат слободните места ќе продолжат со запишување на ученици се до 1 септември.
Наташа Петровска
|
|