29.06.2012 - Универзитетот на Југоисточна Европа два дена е домаќин на македонски и странски научници кои преку научен пристап ќе се осврнат кон состојбите во Балканот низ историјата на меѓународната конфереција под наслов: Балкан - вчера, денес и утре

Балкан - вчера, денес и утре е темата на меѓународната конференција која започна денес на Универзитетот на Југоисточна Европа каде гости од земјава и странство преку научен пристап се осврнаа кон состојбите во Балканот низ историјата.

Дел од конференцијата беше германската амбасадорка во Македонија, Гудрин Стајнакер која во Балканот гледа прогрес во многу области во споредба со нејзините први искуства кога доаѓала туку како студент во доцните седумдесети години. Смета дека балканските земји можат да го остават минатото зад себе и да мислат на заедничка визија за иднината.

Со различни погледи за минатото, сегашноста и иднината, присутните ја разгледуваа оваа тема за која како што сметаат тие, е недоволно разработена а многу случаи поврзани со Балканот нерасветлени. Сепак, оптимисти се за иднината на овој дел од Европа.

Ако оваа конференција помогне за создавањето на визија за перспективна иднина за Балканот и нејзините држави, тогаш со нејзиното оддржување постигнале голем успех, сметаат учениците на конференцијата.

Соња Атанаскоска



 
     


 
 
17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

17.05.2013 - Во насока на развивањето на малите бизниси денес во Маврово беше потпишан и меморандум за разбирање

17.05.2013 - Со грандиозен свечен концерт, вчера вечер, здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок од Тетово одбележа 91 години од своето постоење

17.05.2013 - Одиграна куклена претстава во ОУ Братство Миѓени

17.05.2013 - Повеќе од 19 илјади повици за помош регистрирала Првата детска амбасада "Меѓаши" во изминатите 20 години

17.05.2013 - СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат во заедничка акциска контроола по тетовските бутици

17.05.2013 - Навивачките групи на фудбалските екипи на Шкендија и Тетекс фер и коректно да се однесуваат на престојното финале

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.