29.06.2012 - Општина Тетово и касарната Кузман Јосифовски Питу воспоставиле широка соработка за доброто на народот и припадниците на АРМ

Општина Тетово перставува убав пример како треба да се соработува со АРМ. За сето тоа најголем придонес има градоначалникот на Општината д-р Сади беџети кој која секогаш воп рамките на можностите и реалните потреби со вклучува во помагањето на АРМ во интерес на граѓаните и продлабочување на соработката. Подвлече командантот на касарната Кузман Јосифовски Питу, потполковник Блаже Николовски на денешната пригодна св еченмост, организирана по повод доделувањето на новата донација од локалната самоуправа.

Пред присутните претставници од ОпшТина Тетово и свечено постриоените единици во состав на Третиот механизиран пешадиски батаљон, потполковник Николоски во името на припадниците на АРМ во тетовската касарна и во свое име искажа благодарност за сестраната и безрезервна поддршка што на дело ја прикажува и потврдува Општина Тетово и градоначалникот Беџети.

Јас како градоначалник имам обврска да се грижам за доброто на сите граѓани во Општина Тетово, за негување и продлабочување на соработката со институциите, како и со припадниците на АРМ во касрната КЈП во Тетово. Секогаш кога Има потреба за меѓусебно помагање тоа се случува на обострано задоволство, во границите на можностите и на најефикасен начин. Подвлече градоначалникот на Општина Тетово, д-р Сади Беџети на свеченоста во тетовската касарна.

Донацијата од локалната самоуправа во Тетово се сопстои од 2 косилки. Нивната вкупна набавна вредност е мала, а ефектите што се постигнуават во зацврстувањето ан соработката меѓу АРМ и локалната самоуправа и на планот на унапредувањето на животната средина и подобро уредување и одржување на површините и тревниците во тетовската касарна се големи. Подвлекоа при примопредавањето на косилките градоначалникот д-р Сади Беџети и командантот на касарната, потполковник Блаже Николоски.

Во командата на касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово, градоначалникот д-р Сади Беџети со своите соработници се задржа на краток разговор со команднтот потполковник Блаже Николоски и неговите соработници за прашањата сврзани со тековните и идни активности што птроизлегуваат од тековното работење. Притоа посебно стана збор и за реализирањето на прогармата за одбележување на јубилејот 20 годиони од формирањето на АРМ која се реализира и со помош на Општина Тетово.

Јован Булески


 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.