02.07.2012 - Во светот шефот или директорот во една организација се избира според способноста да се однесува со другите луѓе

Шефовите или директорите во сите поголеми фирми и организации во светот се избираат најмногу според образованието и квалитетите на нивната личност односно според способноста да се однесуваат со другите луѓе. Кај нас се уште не се обрнува доволно внимание на оваа проблематика, па така шеф е оној кој ја има моќта, а зад него остануваат незадоволни или слабо продуктивни работници.

Во секоја посериозна фирма или организација во развиените земји се спроведуваат специјални и задолжителни обуки со кои се развиваат вештините за проценка и справување со своите и туѓите емоции, а се учат и стратегии за решавање конфликти на работното место и кај надредените и кај вработените.

Во тетовско, пак, вработените кои од разбирливи причини не сакаат да зборуваат пред камера се жалат дека на работа се мотивираат само со закани за отказ, а не со награди и пофалби. Шефовите или притиснати од нивните надредени или од незнаење ретко кога внимаваат да не ги повредат чувствата на работниците. Тие неретко ги третираат како машинерија која треба само неуморно да работи. Во мачната трка за поголема заработувачка ретко кој од сопствениците би вложил во обуки за развивање на емоционалната интелегенција кај своите вработени.

А способноста да бидеш добар раководител на функција се учи, смета психологот Ѓурчиновска. Придобивките од способноста се големи и за успешноста на фирмата и за вработените. Задоволните вработени од односот кон својот надреден, кој е креативен, љубезен, одмерен во своите емоции и постапки, работат поефективно и повеќе придонесуваат за профитот на фирмата.

Наташа Петровска


 
     


 
 
22.05.2013 - Православните верници денес го одбележуваат празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Црковно народен собир се одржа во тетовско Слатино во пресрет на празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Празникот Св. Јован Богослов вчера се прослави во Отушиште

22.05.2013 - Социјалната нееднаквост меѓу луѓето што е се поизразена последниве децении придонесува луѓето се повеќе да чувствуваат љубомора и завист - предупредуваат психолозите.

22.05.2013 - И гостиварци против екстерното тестирање

22.05.2013 - Извршени акциски контроли во пет пекарници во Тетово

22.05.2013 - При сообраќајна незгода во Гостивар повредено 5 годишно девојче

22.05.2013 - Ќе се одржуваат свечености по повод празникот Свети Кирил и Методиј

21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.