02.07.2012 - 19-годишник заработи кривична пријава затоа што донел малолетничка да живее во неговиот дом

СВР Тетово поднесе кривични пријави проти неколку лица од Тетовско. 19-годишник од Голема Речица заработи пријава за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“. Во периодот од септември 2011 година до мај 2012 година, во с.Голема Речица, во домот на пријавениот, истиот доброволно донел 16 годишна малолетничка од истото село, со која бил во љубовна врска да живее во неговиот дом.

38-годишен жител на село Камењане заработи кривична пријава за сторени три кривични дела „измама“ и 58-годишен жител на с.Пирок за „помагање“ в.в. наведените дела. Во февруари и март 2012 година, првото лице со помош на второто, лажно претставувајќи се дека е вработен во Министерството за транспорт и врски, довел во заблуда три лица од Гостивар и Тетово, дека ќе им помогне во распределување и доделување на државен стан, односно дека ќе може да ги купат по многу поволна цена на одложено плаќање, за што истите му дале 180.000 денари. Откако лицата увиделе дека се измамени, случајот го пријавиле во полиција.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 38- годишен жител на село Камењане за сторено кривично дело „измама“. Во март 2012 година, пријавениот лажно претставувајќи се дека е вработен во Министерството за транспорт и врски, го довел во заблуда А.Б. од с.Слатина, ветувајќи му дека ќе му помогне да купи државен стан по поволни услови, за што истиот му дал 64.000 денари, а ветеното не било исполнето.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против две лица од с.Копачин Дол за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 1 минатиот месец во село Копачин Дол-тетовско, поради недавање на првенство на минување, пријавените физички се пресметале со татко и син, по што првопријавениот со нож им нанел телесни повреди додека второпријавениот со камен му нанел расекотина на таткото.



 
     


 
 
19.06.2013 - По тесниот дел од булеварот Браќа Ѓиноски во Гостивар од утре возилата ќе може да се движат само еднонасочно

19.06.2013 - Дефект на водоводот повторно причина за прекин на водоснабдувањето во Тетово

19.06.2013 - Работна средба за примената на законто за бесплатна правна помош се одржа во Тетово

19.06.2013 - Oдбележан Светскиот ден на акредитацијата и 10 годишнината од основањето на Институтот за акредитација на Република Македонија

19.06.2013 - Од следната академска година на Штуловиот универзитет започнуваат новите мастер студии по здравствен менаџмент

19.06.2013 - Фестивалот на хорско пеење Тетовски Хорски Одѕиви-ТЕХО викендов ќе се одржува по 22-ти пат

19.06.2013 - Две жени ограбиле старец

19.06.2013 - Акциска контрола на сообраќајната полиција

18.06.2013 - Кон крајот на годината ќе се сече лентата на новата филтер станица во Вруток

18.06.2013 - Континуирано и без проблеми тече процесот на аплицирање за издавање на електронски здравствени картички во Тетово, ценат од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.