02.07.2012 - Новиот водоснабдителен систем на Шар Планина, чија изградба започнала пред 12 години се уште не е целосно изграден, поради поранешно делумно ненаменско користење на инвестиционите средства

Недостигот на вода за пиењекој со децении претставува еден од најгорливите комунални проблеми во Тетово наскоро целосно и успешно ќе биде разрешен. Вотековните инвестициони вложувања во областа на комуналиите приоритетно место има реализацијата на проектот на новиот водснабдителен систем на повисоките предели на Шар планина чија изградба започнала пред повеќе од една деценија. Така одлучија членовите на Советот на Општина Тетово кои врз основа на приложените матерјали, конкретните предлози и мислења донесоа одлука за обезбедување на потребните финансиски средства за довршување на работите кои подолг временски период биле во мирување.

На повисоките предели на Шар Планина од почетокот на овој месец продолжија подготвителните и други работи за раелизација на завршниот дел од проектот за новиот водоснабдителен систем и изградба на нов ценововод во кој ќе дотечуваат над 250 литри во една секунда чиста и здрава изворска вода, изјави градоначалникот на Тетово д-р Сади Беџети.

Напоредно со доградбата на новиот водиоснабдителен систем ќе се работи и на реализацијата на проектот за обезбедување на дополнителни количества вода за пиење во Тетово од потпочвените чисти води. Тие ќе претставуваат резерва со ефикасно трансформирање во градската водоводна мрежа во услови кога доаѓа до природно намалување на штедроста на изворите и кога енормно се зголемува потрошувачката на вода, вели, градоначалникот Беџети.

Според портпаролот на Општина Тетово, Фљакран Пустина, обезбедени се сите неопходни услови за непречено реализирање на споменатите проекти. Може да се очекува до крајот на годинава за прв пат по неколку децении во Тетово целосно и успешно да биде разрешен проблемот околу водо снабдувањето во сите населби.

Јован Булески


 
     


 
 
18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

18.05.2013 - Врз основа на аргументирани претходни пријави за нелегално приредување на игри на среќа и разнобвидни малверзации Управата за јавни приходи затвори 6 обложувалници кај кои било утврдено непочитување на законите

18.05.2013 - "Знам и умеам" е квизот кој денес беше организиран за учениците од ОУ "Гоце Делчев" од Тетово

17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.