| |
 |
|
|
 |
|
| |
|
|
03.07.2012 - Заеднички вежбовни актиности на војниците и пожарникарите
Во превентивмите марки и активности за сузбивањето на појавата на пожар и во случај на опожарување ефикасно гаснење на огнот покрај припадниците од Професионалната противпожарна единица од Тетово учествуваат и припадници на АРМ при касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово.
Нивните екипи во изминатите неколку денови организираа и изведоа заеднички вежбовни активности во реализирањето на заеднички изготвената програма за превентивно дејствување во сузбивањето на пожарите и на ублажување на последиците при нивно евентуално појавување со ефикасност во гаснењето на огнената стихија.
Ова се први од ваков вид заеднички вежбовни активности што е резултат на продлабочување на соработката меѓу АРМ и локалната самауправа во Тетово во чиј состав работи и Територијалната противпожарна единица. Им изјави на претставниците на медиумите командантот на касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово, потполковник Блае Николоски по разговорите што ги имаше со градоначалникот на Општина Тетово, д-р Сади Беџети.
Низ ваквите први од ваков вид заеднички вежбовни активности се проверуваат, узовршуваат и унапредуваат стручните способности на мобилните екипи на ТПЕ во Тетово и на припадниците на АРМ во сузбивањето и гаснењето на пожари во шумски појаси, населени места и во објекти.
Јован Булески
|
|
| |
|
|
|
|
|
|