03.07.2012 - Женска чанта со накит вреден 1000 евра одземен од количката на мајка со дете, е новиот плен на тетовските џепчии

Тетовските џепчии продолжуваат да атакуваат на мајки со деца во колички. Женска чанта со накит вреден 1000 евра оставена во количката е нивниот нов плен. Како што соопшти СВР Тетово, 28 годишната А.А. од Порој вчера пријавила дека во продавница за чевли во Тетово и била одземена чантата, која претходно ја ставила во детската количка. Во чантата, според нејзино кажување, имала три парчиња златен накит, вреден околу 1000 евра. Полицијата работи на расчистување на сите поединости во врска со кражбата и на откривање на сторителите.

Дека крадците не мируваат и го користат секој погоден момент покажува и информацијата на СВР Тетово, за кражба преку отворена балконска врата доцна во ноќта. Имено вчера во периодот од 1 до 5 часот, преку отворената балконска врата, непознати сторители влегле во куќата 36 годишниот М.И. лоцирана на улица Лазар Лазаревски во Гостивар. Нашле и одзеле мобилен телефон ајфон 4, од спалната уште еден ајфон, 150 евра, рачен часовник и кутија со жнески часовник и синџир со украсни камења. Празната кутија на заминување ја сотавиле во дворот. Полицијата работи на утврдување на материјалната штета и на расчистување на поединостите поврзани и со оваа пријавена кражба.

Како што веќе информираше Телевизија Кисс, таканаречените џепчии го користат секое невнимание на граѓаните за да се стекнат со материјална корист. Нивната нова мета се мајките кои ги возат децата во колички и кои внимавајќи на детето го испуштаат од вид паричникот или чантата која ја оставиле во количката, што крадците вешто го користат и заминуваат со пленот речиси незабележани. Од друга страна професионални крадци развиваат стратегии за краби по домовите. Тие извесно време ги набљудуваат семејставата кои им се потенцијална мета и откако ќе утврдат ситуација кога семејството не е дома ја извршуваат кражбата на брз и суптилен начин.

Наташа Петровска



 
     


 
 
18.06.2013 - Кон крајот на годината ќе се сече лентата на новата филтер станица во Вруток

18.06.2013 - Континуирано и без проблеми тече процесот на аплицирање за издавање на електронски здравствени картички во Тетово, ценат од подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување

18.06.2013 - Високите температури потенцијална опасност за избувнување пожари

18.06.2013 - Новиот генерален директор и членовите на управниот одбор на Стопанска банка АД Скопје, вчера во Тетово беа претставени пред соработниците и клиентите на банката

18.06.2013 - Шумско индустрискиот комбинат Јелак од Тетово ќе се продава по намалена цена

18.06.2013 - Продолжи судскиот процес за незаконското доделување на 39 кредити во НЛБ Тутунска банка експозитура Тетово

18.06.2013 - Започнува Меѓународниот филмски фестивал "Watchout"

18.06.2013 - Стагнира спортскиот живот во Тетово

17.06.2013 - Дебата за статусот на реализација на политиките на Охридскиот рамковен договор се одржа денес на Универзитетот на Југоисточна Европа

17.06.2013 - Денес средношколците полагаа екстерни тестови

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.