03.07.2012 - Со одлука на Советот на општина Гостивар основното училиште во селото Форино од септември ќе функционира самостојно како нова образовна установа со свои органи и печат

Основното училиште во селото Форино кое до сега беше подрачно на школото во Чегране, од септември ќе функционира самостојно. Одлуката за формирање на училиштето како самостојна установа со свои органи беше изгласана на денешната седница на Советот на општина Гостивар. Како што беше објаснето пред советниците општината претходно добила согласност за формирање на новото училиште од Министерството за образование.

Училиштето во Форино ќе го носи името на Шпенд Исеини, жител на селото, еден од загинатите во деветојулските настани од 1997-ма година.

Со одлука на Советот се формираше тричлена комисија која наредниот период треба да ги изврши подготовките за отпочнување со работа на училиштето. Ова се однесува на завршување на процедурите од правен и финансиски карактер. Во натамошни постапки потоа ќе се избираат директорот и останатите органи кои ќе бидат дел од управувањето со новата образовна установа.

Со формирањето на училиштето во Форино бројката на централни основни училишта на територијата на општина Гостивар сега изнесува единаесет.

На дневен ред на триесеттата седница на гостиварскиот совет денес се најде и одлука за ревизија на локалниот акционен еколошки план и за субвенционирање на комуналното претпријатие.

На седницата не изостанаа одлуките врзани со процесот на легализација. Овојпат ги имаше петнаесетина и најголемиот дел се однесува на вклопување на дивоизградени објекти во урбанистичката планска документација.

Љупка Антеска




 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.