|
12.07.2012 - Полошкиот регион се уште е меѓу најатрактивините граджени зони во Македонија
Полошкиот регион се искжи на прво место заедно со скопскиот регион по бројот на издадени дозволи за градба. Дека се уште е меѓу најатрактивините граджени зони во Македонија зборуваат податоците на Државниот завод за статистика според кој во тетовско гостиварскиот регион биле издадени 63 одобренија за градба. Од нив 60 се издадени на индивидуални физички лица, а 3 на деловни субјекти кои биле заинтересирани да градат. Во општина Теарце изненадувачки пораснал бројот на побарани дозволи и легално започнати градби дури 23 што е далеку повеќе од 14 во општина Тетово. По нив следат општините, Боговиње со издадени 9 дозволи за градба, Гостивар и Врапчиште со 5, Желино 4, Јегуновце 3, а во Маврово Ростуше и Брвеница во месец мај не е идадена ниту една дозвола за градење.
Но иако во полошкиот регион најмногу се гради, вкупната инвестиција за градежните работи е помала во однос на другите региони во Македонија. Според вредноста на инвестициите прв е скопскиот регион, па источниот по што следи полошкиот со вкупна сума за инвестиции од близу 350 милиони денари. Најскапи градежни инвестиции според издадените дозволи за градење имало во Теарце, близу 115 милиони денари, или една третина од вкупното вложување во полошкиот регион во месец мај.
Според податоците на Државниот завод за статистика во мај годинава одобрени за изградба 75 станови, најмногу во Тетово и Теарце, кои ќе имаат вкупна корисна површина од 9.783 метри квадратни. Инвеститорите најголем интерес имале за градење на четирисобни и петтособни станови. Карактеристика за полошкиот регион е градење на станови со 8 и повеќе соби. Такви станови во мај почнале да се градат 4, а 8 вкупно во Македонија. Во општина Вратница и општина Желино по завршувањето на нивната изградба ќе има по два такви луксузни станови.
И во мај, како што е тренд веќе неколку години наназад, инветиторите најмногу биле заинтересирани да градат висококатници или да реконструираат веќе постоечки објекти, а многу малку биле заинтересирани за градење на ниски градби.
Наташа Петровска
|
|