12.07.2012 - Две акциски контроли вчеравечер биле спроведени во Гостивар

Девет угостителски објекти во Гостивар, претежно кафулиња и дискотеки, а во кои најчесто и најмногу престојуваат младите од овој град, вчеравечер беа посетени од полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, помеѓу 22 и 23 часот и 30 минути.

На сопствениците на објектите, полициските службеници непосредно им укажале на импликациите доколку ги прекршат одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, од повеќе аспекти. Тие, исто така добиле и писмени предупредувања поврзани со гласноста на музиката, точењето алкохол на малолетници и друго.

Наскоро, со вакви активности ќе бидат опфатени и објектите во кои се организираат свадбени и други семејни свечености, за да се потсетат на законските обврски, но и на последиците ако во или надвор од објектите се пука од огнено оружје или на било кој друг начин се нарушува јавниот ред и мир, информираат од СВР Тетово.

Вчеравечер, исто така, во Гостивар се спроведе и акциска контрола за отстранување од јавните простори на лицата кои питачат. При контролата беа затекнати четири лица од Прилеп, Велес и Кочани, кои им беа предадени на претставниците од Центарот за социјални работи, а кои најдиректно учествуваа во заедничките активности.

Едниот од проектилите завршил во внатрешноста на објектот. За среќа, во тое време во амбулантата немало никој.

Извршен е увид на местото на оштетувањето, пронајдени се два оштетени проектили и една празна чаура. Се преземаат активности за откривање - кој и зошто пукал во амбулантата.

Соња Атанаскоска



 
     


 
 
17.05.2013 - Одбележана 70-годишнината смртта на првоборецот Иљо Антески-Смок

17.05.2013 - ЕУ автобусот пристигна во Доброште

17.05.2013 - Арифи денес беше на гости кај Бејта

17.05.2013 - Гостиварскиот градоначалник во посета на домот на Исмет Фетаи

17.05.2013 - Во насока на развивањето на малите бизниси денес во Маврово беше потпишан и меморандум за разбирање

17.05.2013 - Со грандиозен свечен концерт, вчера вечер, здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок од Тетово одбележа 91 години од своето постоење

17.05.2013 - Одиграна куклена претстава во ОУ Братство Миѓени

17.05.2013 - Повеќе од 19 илјади повици за помош регистрирала Првата детска амбасада "Меѓаши" во изминатите 20 години

17.05.2013 - СВР Тетово и Државниот пазарен инспекторат во заедничка акциска контроола по тетовските бутици

17.05.2013 - Навивачките групи на фудбалските екипи на Шкендија и Тетекс фер и коректно да се однесуваат на престојното финале

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.