12.07.2012 - 29 случаи на семејно насилство во првото полугодие од годинава регистрирани на подрачјето на СВР Тетово

Во првото полугодие од 2012-та година, на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се вкупно 29 кривични дела поврзани со семејно насилство, за кои се поднесени исто толку кривични пријави. Најмногу, односно 19 од нив биле со нанесување на телесни повреди, 7 присилби и 3 загрозување на сигурноста.

Дваесет и девет од сторителите на овие дела биле мажи. Скоро половината од сторителите, поточно 14 се сопрузи, 9 синови, 2 татковци, 1 поранешен сопруг и други. Во 22 случаи причина за овие дела биле душевните растројства, во 7 алкохол. Во 27 случаи употребена е физичка сила врз „жртвите’’ на насилството, во еден огнено и во еден ладно оружје.

-Покрај кривични пријави, во периодот за кој станува збор изготвени се и 11 барања за поведување прекршочна постапка, а поднесени се и 77 поплаки, кои се заокружени со усно или писмено предупредување на „насилниците’’, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Најчести „жртви’’ на ваквиот вид насилство се сопругите ( 14 ), мајки ( 7 ), татковци ( 4) и така натаму.

Што се однесува до поплаките, дури 32 се однесуваат на проблеми во семејството предизвикани од употреба на дрога, 42 од нервни растројства и 2 од алкохол, а за кои пријавителите не барале кривичен прогон, туку само предупредување на „насилниците’’, кои речиси два пати повеќе психички, отколку физички ги малтретирале членовите на најблиското семејство.

Данијела Петковска


 
     


 
 
20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

20.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

20.05.2013 - Во Лешок одбележана годишнината од смртта на Кирил Пејчиновиќ

20.05.2013 - Одржан меморијалниот фудбалски турнир Бобе Јуниор 2013

19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.