|
13.07.2012 - Фудбалскиот клуб Шкендија ги демантираше гласините дека бил наместен нивниот пораз во мечот со северноирскиот клуб Портдаун од квалификациите за Лига на Европа
Дека немало местење на резултатот од натпреварот меѓу тетовскиот фудбалски клуб Шкендија и северноирскиот клуб Портдаун од квалификациите за Лига на Европа, денеска остро демантираше управниот одбор на клубот Шкендија Поразот од 2 спрема еден, со пресврт во второто полувреме на штета на Шкендија е последица само на играта на голманот, кој бил заслепен од рефлекторите на фудбалскиот терен кои биле вклучени за време на играта, а на кои не биле навикнати нашите фудбалери.
Фудбалскиот клуб Шкендија најави покренување постапки пред надлежните органи за медиумите кои ја прошириле веста за местење на резултатот од натпреварот, бидејќи како што беше кажано на денешната прес конференција на клубот му е нанесена не само материјална туку и морална штета.
За целосно отфрлање на обвиненијата кон ф.к Шкендија ќе се чека анализата на стручниот тим, а како што беше кажано на денешната прес конференција клубот се нуди да соработува со Фудбалакста федерациоја на Македонија и УЕФА во докажувањето на вистината.
Фудбалскиот клуб Шкендија од Тетово и годинава го заврши својот настап на европската сцена уште во првото коло. Тетовци загубија од северноирскиот клуб Портдаун со 2:1 . Како што пишуваа дел од медиумите сомнеж на елиминацијата на Шкендија фрла пресвртот на натпреварот бидејќи на полувреме тетовци водеа со 0:1 ако се знае дека коефициентот во обложувалниците за пресврт е многу висок.
Наташа Петровска
|
|