|
13.07.2012 - Синоќа во дворот на црквата Св. Богородица во с. Сараќино беше осветен новоизградениот летниковец
Со голем црковно - народен собир, мал водосвет и режење на колач во чест на светите Петар и Павле синоќа беше осветен и отворен новоизградениот летниковец кој се наоѓа во кругот на црквата Св. Богородица во Сараќино.
Најголема заслуга за изградбата на летниковецот и фонтаната во форма на крст која го краси црковниот двор ја има црковниот одбор на селото. Со вложувања на големи напори и залагања на членовите на одборот, летниковецот бил изграден за помалку од една година.
Со надеж дека црковниот одбор ќе продолжи со истото темпо свештенослужителите од тетовското архиерејско намесништво го поттикнуваат и понатаму да работи на создавање на вака убави дела, а она што е досега изградено да се сочува. Изградбата на вакви богоугодни дела се од големо значење за христијанскиот народ во селото, смета отец Жарко Мицковски кој воедно е и жител на селото.
Задоволни од работата на црковниот одбор се и повозрасните жители на Сараќино. Всушност младината оди по стапките на некогашните црковни одбори И тие се на вистинскиот пат, смета Славко Савески, некогашен претседател на црковниот одбор на селото.
Дел од осветувањето на новоизградениот летниковец беа и вештите жени кои во своите можности се погрижија да ја збогатат празничната трпеза.
Верниците синоќа имаа можат да уживаат во богата културно-уметничката програмаво чии рамки настапи КУД Бранко Чајка.
По осветувањето пред присутните гости настапи групата Молика со Анета, која јаи маше таа чест да ја пресече лентата со што летниковецот и официјално беше отворен.
Соња Атанаскоска
|
|