13.07.2012 - Зачестено неконтролираното и бесправно сечење на шумите во тетовско-гостиварскиот регион

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово, во неколку високопланински реони, пред се во атарите на тетовските и гостиварските подшарпланински села, во последно време забележано е поинтензивно, неконтролирано, односно безправно сечење на шумата. И тоа не само на постарите дрвја, туку и на новозасеаните, млади фиданки.

На ваквата појава веќе реагирале и извесен број месни заедници од тие села, со категорично барање да им се застане на патот на оние кои немилосредно, за сопствена материјална и финансиска корист, ги пустошат нивните шуми.

- Порад тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово деновиве значително ќе го засили своето присуство во споменатите реони, но и воопшто и ќе презема конкретни превентивни и други мерки против сите оние кои ќе бидат затекнати или посочени дека безправно ги сечат шумите, информира началникот на СВР Тетово, Шефик Бајрами.

Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, информира дека пустошењето на шумите е кривично дело за кое е предвидена парична или казна затвор од една до три, односно до пет години, во зависност од обемот и вкупните последици.Се укажува и тоа дека освен пустошење на шумите, кривично дело претставува и предизвикување на шумски пожар, а за што е предвидена уште поригорозна затворска казна , која се движи до 8, односно 10 години.

Затоа, СВР Тетово апелира до граѓаните да се воздржат од вакви незаконски активности и дека доследно и без исклучоци ќе бидат поднесувани соодветни пријави, а моторните пили и возила ќе им бидат одземени и предадени на шумската полиција.

Даниејла Петковска



 
     


 
 
23.05.2013 - Одбележан патрониот празник на основното училиште Кирил и Методиј од Тетово

23.05.2013 - Божествена литургија по повод денот на Св. Кирил и Методиј утре во црквите во Тетово

23.05.2013 - За два до три месеци ќе биде завршен резервоарот во населеното место Сиричино со што што сите населени места од долниот дел на општина Јегуновце ќе се поврзат на новиот регионален водоснабдителен систем

23.05.2013 - Квалитетните сместувачки капацитети и погодните временски прилики се причина за значителната посетеност на Попова Шапка

23.05.2013 - Заврши превентивно-едукативниот проект „Правна социјализација на младите во Република Македонија“

23.05.2013 - Акција на сообраќајната полиција во Полошко

23.05.2013 - Продолжи судењето против обвинетите од НЛБ Тутунска банка за незаконски доделување на кредити

22.05.2013 - Православните верници денес го одбележуваат празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Црковно народен собир се одржа во тетовско Слатино во пресрет на празникот Свети Никола Летен

22.05.2013 - Празникот Св. Јован Богослов вчера се прослави во Отушиште

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.