|
13.07.2012 - Свечено отворена фитнесс сала во тетовската касарна
Во касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово беше предадена во употреба фитнес сала опремена со разновидни справи според светски стандарди и критериуми , донирана од Кралството Холандија . По тој повод беше одржана пригодна свеченост на која присуствуваше министерот за одбрана Фатмир Бесими, како и началникот на генерлштабот на АРМ генерал мајорот Горанчо Котески, Одбранбеното АТАШЕ на Кралството Холандија во РМ потполковник Тон Кудам, заменик инистерот за одбрана Емил Димитриев , бригадниот генерал Методија Величкоски, командантот на Првата механизирана пешадиска бригада потполковник Стојан Димов и други.
Пред почесно построената чета министерот за одбрана Фатмир Бесими беше пречекан од командантот на Тетовската касарна, потполковник Блаже Николоски. На пригодната свеченост што се одржа пред командата на касарната Кузман Јосифовсјки Питу откако им се заблагодари на присутните и им поскаа добре дојде командантот Блаже Николоски, пригодно обраќање имаше министерот за одбрана Фатмир Бесими.
Јас сум пријатно изненаден од присуството на сите на ова асвеченост која иако е во завршниот дел од мојот престој во македонија долго ќе се сеќавам. Подвлече на свеченоста претставникот од Одбранбеното АТАШЕ на кралството Холандија Тон Кудам.
Ова фитнес сала ќе претставува нов придонес во унапредувањето на стандардите во АРМ и во јакнењето на психофизичките способности на припадниците на АРМ во Касарната Кузман Јосифовски Питу во Тетово.
Јован Булески
|
|