|
13.07.2012 - Жител на тетовско Доброште со привремена работа во Данска загина вчера во несреќа со воден скутер во Охридското езеро
Жител на село доброште со привремена работа во данска загина вчера во скутерска несреќа во охридското езеро во близина на струшкото село Калишта. Неговата сопатничка, естрадната ѕвезда Биг Мама вон е животна опасност.
Несреќата се случила на оддалеченост од околу 400 метри од брегот на езерото спроти ресторан во Струга кога биле слушнати повици за помош од две лица кои се давеле. Од страна на лица кои биле во непосредна близина со два пловни објекти излезено е на лице место при што од езерото извадена е Б.К.(1986) од Тетово и Лирим Н. од с.Доброште-Тетово, кој по нејзино кажување живеел во Данска.
Имено, горенаведените лица стапиле во контакт со лицето А.П.(1981) со место на живеење во САД, со намера да видат и купат скутер марка „Сеадоо“. Откако се качиле на скутерот без појаси за спасување, кој го управувала Б.К., на околу 400 метри од брегот на езерото го запрела скутерот со цел да ги заменат местата, по што дошло до превртување на скутерот и двете лица паднале во водата. Лирим почнал да се дави, по што таа се обидела да го спаси, но почнала да бара и помош. Тогаш пристигнале лицата П.Б. кој ја спасил, додека лицето П.А. го пронашол Лирим на длабочина од 2-3 метри околу скутерот.
Лицата се упатени во МЦ-Струга, каде Лирим е примен без знаци на живот, додека Б.К. е примена во панична состојба, вон животна опасност.
Трите несреќи со скутери кои изминативе неколку дена се случија во водите на Охридско Езеро, ги натераа Владата и Министерството за транспорт и врски да го забрзаат стапувањето во сила на забраната за пловење на овие пловни објекти по езерата. Тоа значи дека наместо од 20 јули, забраната за скутери по езерото стартуваше од вчера, а според предвиденото таа ќе важи во текот на целата туристичка сезона, заклучно со 31 август 2012 година.
Едно лице загина во скутерска несреќа во Охридското Езеро во близина на струшкото село Калишта. Се уште не се познати причините за несреќата, која се случи вчера околу 17.30 часот.
Соња Атанаскоска
|
|