|
13.07.2012 - Во невремето што го зафати синоќа тетовскиот крај загина четиригодишно девојче, неколкумина се повредени, а причинета е и материјална штета
Во патничкото возило врз кое паднало повеќедецениското стебло покрај возачот имало и 5 сопатници , а на лице место згаснал животот на четиригодишно девојче. Информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
На тешко повредените на ефикасен начин им била укажана помош од екипата на Службата за брза помош, а потоа и дежурните здравствени работници во хируршкото и другите одделнија при Клиничката болница во Тетово. Оваа невообичаена сообраќајна незреќа ги растажи жителите од долнополошкото село Требош кои од длабоката тага за загинатото девојче и за другите последици предизвикани од паднатата јасика не можеа да се појават пред камера.
Силниот ветер предизвика штети и во други тетовски села, и во Тетово. Среќна околност е што нема повреден од одлетаните делови на кровни и други конструкции. Информира портпаролот на Општина Тетово, Фљакран Пустина кој на теренот беше се до полноќните часови за лично да се увери во последиците што ги предизвика силниот ветер.
Повеќе населби во Тетово, Жилче и други населени места во Полошкиот регион имаа прекин во снабндувањето со електрична енергија. Инормираат од центарот за управување со кризи.
Јован Булески
|
|