|
17.07.2012 - Акција за бесплатно мерење на очниот притисок и проверка на видот во Гостивар
Во Гостивар денес се спроведе акција за бесплатно мерење на очниот притисок и проверка на видот. Акцијата се организираше во рамки на караванот на клиниката Систина офталмологија во соработка со Црвениот Крст.
Граѓаните на Гостивар со голем интерес за проверка на очите и советување од медицинскиот тим.
Караванот посветен на превентивната грижа за видот и здравјето на очите до сега ги помина поголемиот дел од градовите во земјава.
Наредните денови вакви акции ќе се организираат во Дебар, Охрид и Струга.
|
|