17.07.2012 - ЈЗУ Центар за јавно здравје Тетово ќе ја спороведен првата фаза за дезинсекција од земја со цел намалување на бројот на комарците.

Превентивна дезинсекција во општините Јегуновце и Теарце ќе врши ЈЗУ Центар за јавно здравје - Тетово во периодот од 18 до 20 овој месец. Со првата фаза од дезинсекцијата од земја со цел намалување на бројот на комарците ќе биде зафатена Општина Јегуновце во периодот од 18 и 19 и општина Теарце во периодот од 19 и 20 овој месец. Запрашувањето ќе се врши во период од 22 до 8 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување поставено со пикап возило со претходница од друго возило со ротационо светло. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини, населените места и депонии во тоа подрачје. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат сите соодветни мерки за заштита на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски прилики како дожд или ветер, дезинсекцијата ќе се одложи за следниот ден.


Соња Атанаскоска



 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.