|
17.07.2012 - Во Гостивар од 8.641 барање за легализација, над 2.600 се процесуирани, а 1.490 се комплетно решени
Триесетина проценти од дивоизградените објекти на подрачјето на Гостивар за кои биле поднесени барања за легализација, се во процедура за добивање решенија. Од Секторот за урбанизам на општина Гостивар оценуваат дека процесот се одвива во рамки на предвиденото со напомена дека граѓаните мора да ги испочитуваат роковите за комплетирање на документацијата.
До Секторот биле поднесени вкупно 8.641 барање од кои над 2.600 се процесуирани, а 1.490 се комплетно решени.
Сопствениците на објекти кои поднеле барања само со лична карта да побрзаат и да си ги комплетираат документите, апелираат надлежните. Во спротивно нивните предмети не можат да се најдат на разгледување.
Алиу вели дека навременото доставување на комплетната документација е неопходно за тие како Сектор за убранизам да ја завршат целата процедура во определените рокови.
Со цел брзо и ефикасно да се решаваат случаите со бесправо изградени објакети општина Гостивар формираше таканеречена лабораторија за легализација. Предметите ги разгледуваат осум стручни комисии.
Љупка Антеска
|
|