|
17.07.2012 - Од дрвократци на шумските појаси на Шар Планина, Сува Гора и Жеден секоја година им се причинуваат големи штети, а поединци на незаконски начин се богатат за сметка на индивидуалните сопственици и на државата
На буковата и мешана шума во индивидуална сопственост и во сопственост на државата се причинети големи штети. Покрај на еколошки план и онака големите штети се зголемени и од причини што со пустошењето на шумите се создаваат свлечишта и ерозии.
За да се сузбие оваа незаконска појава која за жал во одделни реони попримила пошироки размери, на иницијатива на секторот за Внатрешни работи
во Тетово се одржа состанок на кој учествуваа и претставници од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Јавното претпријатие Македонски шуми -подружница Лешница и шумската полиција и територијалната противпожарна единица.
На овој прв од ваков вид заеднички состанок, клучна тема беа прашањата сврзани со можностите за сузбивање на бесправното сечење на шумите во Тетовско, пронаоѓање, идентификување и санкционирање на сторителите.
На состанокот во неколкучасовна отворена и мошне конструктивна дебата стана збор за пустошењето на шумите на поширокото Тетовско и Гостиварско подрачје и опасностите од избувнување на пожари во летниот период. Притоа, беше договоренозаеднички координирано да се настапува во спречувањето на овие појави, односнопроблеми и двонасочно да се разменуваат брзи и точни информации во врска со тоа.
Присутните, исто така договорија и конкретни заеднички мерки, на чија ефикасна операционализација ќе и биде посветено посебно внимание. Информира потпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифофски.
Со цел да се намали бесправното сечење, односно пустошењето на шумите, но и навреме да се превенираат шумски пожари од поголеми размери, кои најчесто причинуваат огромни материјални штети и кои поради високите температури и непристапноста на терените тешко се локализираат здружената активност на теренот ќе придонесе за поефикасно и превентивно дејствување на теренот.
Јован Булески
|
|