21.07.2012 - Автопревозникот Стиф експрес отвори редовна линија Тетово-Охрид

Патувањето до Охрид и Струга на жителите од Тетово и од околните села кои не сакаат да користат сопствен превоз до бреговите на Охридското Езеро им беше отежнато поради нередовните линии на автотранспортните претпријатија кои често пати ја заобиколувале тетовската автобуска станица.

За да им се олесни патувањето на тетовчани кои сакаат да отпатуваат на бреговите на Охридското Езеро , редовна линија отвори автопревозникот Стиф Експерес од Сараќино.

Превозот се врши со мини автобуси и комби возила кои секојдневно под фирмата Стиф Експрес сообраќаат на релацијата Тетово-Охрид и обратно. Тргнувањето е секој ден во 6 часот и 30 минути од паркингот пред Веро во Тетово.

Во колку има интерес за поголем број патувања можно е тргнување по претходен договор и во друг термин во текот на денот. Тргнувањето од Охрид за Тетово е во 18 часот.

Цената на повратниот билет на релацијата Тетово-Охрид чини 400 денари што е многу пониска од цената на автотранспортните претпријатија. По потреба, а по претходна најава автпревозникот Стиф Експрес врши превоз и до Струга, како и до Отешево на Преспанското Езеро.

Јован Булески


 
     


 
 
19.05.2013 - Поставен камен темелник на нова црква посветена на Света великомаченица Екатерина во месноста Чука кај Стенче

19.05.2013 - Огромни штети претрпеа жителите од поплавени села

19.05.2013 - Мај е месец кога се одржуваат матурските и апсолвентските забави

19.05.2013 - Сообраќаен хаос во Тетово

19.05.2013 - Крводарителна акција во Брвеница

19.05.2013 - Во текот на следната недела, православните христијани чествуваат три празника

18.05.2013 - Советот на општина Тетово е блокиран

18.05.2013 - Граѓаните на Гостивар кои поднеле некомплетни барања за легализирање на дивоизградени објекти што побрзо да ги обезбедат потребните документи, апелираше денес гостиварскиот градоначалник на прес конференција

18.05.2013 - Сите под еден чадор беше мотото на денешната трибина со целна група-младите Роми и нивно вклучување во образовниот систем

18.05.2013 - Три лица побарале медицинска помош по физичка пресметка на две групи, што се случила синоќа во гостиварската населба "Седма зона

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.