|
22.07.2012 - Во изминатите три месеца регистрирано е зголемување на инфекциите на горните и долните респираторни патишта, покажува извештајот за движење на заразните заболување кои се следат во АЛЕРТ системот
Извештајот за движењето на заразните заболување кои се следат во АЛЕРТ системот за периодот од месеците април, мај и јуни, покажува сезонско зголемување на инфекциите на горните и долните респираторни патишта, зголемено учество на респираторни вируси и пред се грипот на територијата на целата држава. Сето ова се совпаѓа со епидемиолошките критериуми за дистрибуција на овој вид заболувања во овој период од годината.
Во изминатите три месеца во Тетово вкупно се пријавени 20 704 акутни заболувања, со просечно неделно пријавени 1593 заболени. Најголем број од лицата кај кои е дијагностицирана инфекција на горните респираторни патишта се деца на воздраст до 6 години, чија бројка изнесува 5955, по што следат 4021лице на воздраст од 7 до 19 години и 3188 лица од 20 до 59 години. Вакво заболување е регистрирано и кај 929 лица над 60 години.
Најголем број на заболени лица од инфекции на долните респираторни патишта, исто така се бележи кај возрасната група од 0-6 години (1817 случаи), следи возрасната група 20-59 години со 1323 случаи и 7-19 години со 1019.
Во изминатите три месеца во Тетово имало доста честа појава на водена дијареа, така што според извештајот на АЛЕРТ системот бројот на лицата со ова заболување изнесува 1475. Според истиот извештај има и еден случај на акутна инфективна жолтица.
Епидемиолошкиот надзор над заразни заболувања на својата територија го спроведуваат Центрите за јавно здравје во 10 градови во Македонија. Во овие месеци матичните лекари континуирано ги пријавуваат болестите кои подлежат на пријава на осум синдромиски заболувања.
Данијела Петковска
|
|