|
22.07.2012 - Општина Тетово продолжува со реализирање на ветените проекти со цел да го решат проблемот со патната инфраструктура и сообраќајниот метеж.
Општина Тетово периодов реализира неколку инфраструктурни проекти во градот.
Деновиве започнаа работите околу асфалтирање на улицата Јане Сандански во Тетово , откако беше изграден тротоарот за пешаци. Со ова ќе се финализира изгледот на оваа улица на која веќе подолго време се работеше. Во тек е и крпењето на ударните дупки низ тетовските улици
Како што веќе објави Телевизија Кисс, општина Тетово истовремено продолжува и со покрупнииот инфраструктурен зафат за изградба на три кружни текови во сообраќајот на различни локации во градот.
Деновиве започнаа работите околу изградбата на кружен тек на кртосницата на улиците Видео Смилевски Бато и Браќа Миладиновци, во близина на фабриката Тетекс, а деновиве ќе започнат и работите кај на новиот кружен тек на крстосницата на булеварите Илирија и Видео Смилевски Бато кај супермаркетот ВЕРО, за што од општина Тетово наредните денови ќе информираат за текот на реализацијата на овие проекти преку прес конференција.
Соња Атанаскоска
|
|