|
22.07.2012 - 27 возачи минатата недела не платиле патарина, откри полицијата при контола, а меѓу нив ниту еден не е вработен во МВР
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во текот на минатата недела изврши контрола на наплатните рампи „Глумово“, „Отовица“ и „Петровец“, при што откри дека без да платат патарина минале 27 возила, а меѓу возачите кои не платиле задолжителна патарина ниту еден не е вработен во МВР.
Акцијата, во која беа вклучени полициски службеници од ПС за БПС Автопат „Тетово“ и ПС за БПС Автопат „Петровец“, како и претставници од Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски била спроведена со цел откривање на злоупотребата на службени легитимации и минување на наплатните станици на вработени на МВР со приватни возила, без притоа да бидат подмирени трошоците согласно Законот за јавни патишта.
На сите возачи кои ги минаа наплатните станици без да платат патарина, им беше издаден налог за наплата на глоба.
Инаку, во првите шест месеци од годинава за време на контролата без да платат патарина поминале 103 граѓани од кои девет вработени во МВР на кои покрај платениот налог за наплата на глоба од страна на СВКПС е изречена задолжителна мерка против истите да биде поднесен предлог за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина до надлежната Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност.
Данијела Петковска
|
|