|
30.07.2012 - Советниците на општина Тетово утре на редовната 42 седница ќе расправаат за модернизација на јавното осветлување
Советот на општина Тетово утре ќе одржи седница на која на дневен ред ќе се најде предлог одлука за избор на најповолна понуда за модернизација на системот за јавно осветлување. Советниците ќе гласаат и по предлог одлуката менацирање со давањето услуги за паркирање преку јавно приватно партнерство, како и по предлог правилникот за начинот и условите за паркирање, времетраењето и ограничувањата на паркирањето на јавните паркиралишта.
На утрешната 42 седница на дневен ред ќе се најде и предлог насоката за безбедни училишта за задожителна примена преку годишна програма за работа на средните училишта во учебната 2012 2013. Советниците ќе расправаат и за усвојување на предлог на деталниот урбанистички план за урбан блок 69 и нацрт на урбанистичкиот план за населено место Лисец Гајре.
Наташа Петровска
|
|