|
30.07.2012 - Поради зголемените температури и опасноста од појава на шумски пожари, се активира делумна забрана за движење на територијата на Националиниот парк Маврово до 31 август
Високите температури кои ја зафатија земјава ја зголемија можноста и опасноста за појава на шумски пожари. Пожарите најчесто ги предизвикуваат невнимателни посетители на шумите, собирачи на лековити растенија, излетници и други посетители.
Јавната установа Национален парк Маврово ги известува сите посетители дека се активирана делумна забрана за движење во шума до 31 август годинава.
Против сите оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка, ќе биде поднесена прекршочна пријава согласно член 57 став 3 од Законот за шуми каде што за прекршок од ваков карактер се предвидуваат казни во износ од 1500 до 2000 евра, како и врз основа на Законот за ловствоза палење стрништа каде што казните изнесуваат од 1500 до 3000 евра.
ЈУНП Маврово издава Одобрение за ограничено и контролирано движење во шума врз осова на барање за движење поднесено од заинтересирани физички и правни лица.
Установата ги повикува граѓаните при евентуално забележување на пожар да пријават на телефонскиот број: 042/489-019 или 042/489-425, бесплатниот телефонски број 195 во Центарот за управување со кризи или на 193 во Територијалната противпожарна единица.
Од установата уште еднаш ги потсетуваат граѓаните дека е строго забрането палење на оган, павење скари, фрлање догорчиња и секаков запалив отпадок и материјали на отворен простор.
|
|