30.07.2012 - 74 годишен жител од тетовското село Отушиште загина рано утрово откако со своето возило излетал од коловозот и удрел во бетонски ѕид

Жител на тетовското село Отушиште загина рано утрово откако со своето возило излетал од коловозот и удрел во бетонски ѕид. Како што соопшти СВР Тетово, околу 3 часот и 45 минути по полноќ, на локална уличка во тетовското село Отушиште, патничко моторно возило „Опел кадет’’ со германски регистерски таблици, што го управувал 74-годишниот жител од ова село Ј.Ј, од засега неутврдени причини излетало од коловозот и најпрво удрило во бетонски сид, а потоа и бандера. Од излетувањето и удирањето, возачот кој бил сам во возилото и кој одел на утринска молитва во селската џамија, задобил смртоносни повреди од кои починал на самото место.

Екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово изврши увид и се превземаат активности за расветлување на сите поединости поврзани со оваа сообраќајна несреќа.

Во Гостивар, пак, пешак се здобил со тешки телесни повреди кога на него наишло возило со австриски регистарски таблички Како што информираше СВР Тетово вчера околу 19 часот на улица „Тоде Богдановски’’ во Гостивар, патничко возило „Ауди 80’’ со австриски регистерки таблици, што го управувал 49-годишниот Р.А од Чајле, удрил во 79-годишниот пешак И.С од Гостивар. Во несреќата, пешакот задобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, префрлен е на скопските клиники. Извршен е увид и се расветлуваат причините и се друго во врска со несреќата.

Вчеравечер во периодот од 21 до 23 часот, од заталкан куршум било оштетено патничко возило „БМВ’’ со тетовски таблици, сопственост на С.А ( 30 ) од Тетово. Според информација на СВр Тетово, возилото било оставено на паркинг на улица „Илинденска’’ во Тетово. Во горниот дел од моторот на возилото пронајден е проектил калибар 9 милиметри, кој е подигнат и ќе се вештачи.По извршениот увид ќе се расветлува-кој, од каде и зошто пукал и го оштетил возилото.

Од полицискиот билтен и информација за кражба на златен накит. Вчеравечер помеѓу 20 и 23 часот, додека домашните биле на гостинска вечера, непознати сторители провалиле во куќата на 55-годишниот А.Б, лоцирана на улица „Мара Исаева’’ број 2 во Тетово, соопшти СВР Тетово. Тие влегле преку подотворениот прозорец во подрумската просторија, ги пребарале сите простории и од комода во спалната , поточно од неколку кутии одзеле разновиден златен накит. Вредноста на одземениот накит се проценува на околу 300 илјади денари. Полицијата изврши увид и работи на откривање на сторителите.

Наташа Петровска


 
     


 
 
21.05.2013 - Гостиварски средношколци открија како дождот и градот да ги искористат за производство на електрична енергија

21.05.2013 - Тетовските ученици денес пред општинската зграда излегоа на протест

21.05.2013 - Отворени денови на училиштето "Вудроу Вилсон"

21.05.2013 - Учениците и професорите од средното техничко училиште во Гостивар ги презентираа смеровите и условите за настава во овој образовен центар

21.05.2013 - Полициски билтен на СВР Тетово

21.05.2013 - Дефекти на градската водоводна мрежа

21.05.2013 - Полежерни венчаници за понежен изглед

20.05.2013 - Основниот суд во Гостивар доби донација компјутери и опрема од Владата на Турција

20.05.2013 - Изложба на цртежи на тема Шараме за Шара како дел од проектот Промоција на природните вредности на Шар Планина денес беше отворена во основното училиште Андреа Савески Ќиќиш

20.05.2013 - Соопштение на НДП

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.