07.08.2012 - Производствениот процес на овчарското стопанство Драгоево агро се одвива исклучиво во бачилата на повисоките падини на Шар Планина

Овчарското стопанство Драгоево агро меѓу првите во Маекдонија доследно ги примени правилата содржани во ХАСАП системот и во Законот за производство на безбедна и здава храна. Со цел подоследно да се применат споменатите правила и критериуми за континуирано производство на безбедна храна востановена е централна преработка на овчото млеко во бело и биено сирење и во други видови млечни призводи.

Најповолни услови за таквиот начин на производство има во бачилото на Церипашина каде овчото млеко од стадата во сите други бачила секојдневно во свежа состојба се дистрибуира. Во него се вработени над 20 работници кои меѓусебно се помагаат кога е во интерес поуспешното одвивање на процесот на производството.

Не има од различна националност, од повеќе возрасти и од многу места на Македонија. Во бачилото работиме и ноќеваме на овие височини, далеку од семесјтвото и од родното место. Се ноѓаме во бачило, работиме на овие височини и се чувствуваме како да сме во едно семејство, ни изјавија вработените во бачилото.

За работите позабрзано да се одвиваат и секогаш да има свежа и квалитетна храна составен дел на бачилото е и импровизираната кујна. Во неа се подготвува и пече леб под вршник, а често пати има и избор на течни јадења.

Додека се печеше лебот под вршник, фурнаџијата ако така може да се нарече им помагаше на работниците во процесот на молзење на овците. И така секој ден работите се испреплетуваат се со цел да се заштедат средства и порационално да се користи работното време, со што се придонесува во поуспешно надминување на последиците од економската криза кои во поизострена форма се чувствуваат во овчарството.

Јован Булески


 
     


 
 
24.05.2013 - Македонската православна црква денес го чествува 24 мај Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј

24.05.2013 - Денес се слави Денот на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј

24.05.2013 - Повеќе бебиња, но и повеќе разводи во Полог

24.05.2013 - Пароли и графити често пати досега се испишани на највпечатливи места во Тетово

24.05.2013 - Малолетници претепале 41-годишен тетовец

24.05.2013 - Намалена е бројката на идни возачи кои го следат курсот за прва помош во Општинската организација на Црвениот крст во Тетово

23.05.2013 - Одбележан патрониот празник на основното училиште Кирил и Методиј од Тетово

23.05.2013 - Божествена литургија по повод денот на Св. Кирил и Методиј утре во црквите во Тетово

23.05.2013 - За два до три месеци ќе биде завршен резервоарот во населеното место Сиричино со што што сите населени места од долниот дел на општина Јегуновце ќе се поврзат на новиот регионален водоснабдителен систем

23.05.2013 - Квалитетните сместувачки капацитети и погодните временски прилики се причина за значителната посетеност на Попова Шапка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.