11.10.2007 - Осветена црквата во Теарце посветена Свети Великомаченик Димитриј Солунски

Со трикратен крсен опход и читање на евангелиските пораки, Митрополитот полошко кумановски господин Кирил во сослужение на повеќе свештенослужители од тетовското и гостиварското архиерејско намесништво, денес го започна осветувањето на новоизградената црква во Теарце подигната во чест на Свети Великомаченик Димитриј Солунски.

Митрополитот господин Кирил нагласи дека изградбата на црквите е од големо значење за православниот свет, затоа што во нив се негува духовниот идентитет на еден народ.

Денешниот настан и доаѓањето на полошко кумановскиот владика во Теарце го поздрави и прота Димитрије Крстевски, кој потсети дека осветувањето на црквата е дел од големиот проект -меморијален комплекс за Кирил Пејчиновиќ кој во наредниот период треба да се реализира.

Чинот на осветувањето на црквата проддолжи со лицитацијата на клучот и на чеканот, кои со јавното надавање честа да ги добијат и да станат вечни кумови им припадна на Сашо Серафимовски и Лазар Ѓорѓевски.

Митрополитот Кирил откако потропа на портите го отвори храмот за присутните верници по што во духот на традицијата на македонската православна црква беше осветена владичината кошула, измиен светиот престол, а на крајот во внатрешноста на светата трпеза се стави повелбата, дел од светоклиментовите мошти. За да го зачува храмот од неубави нешта, зидовите на новата црква беа покропени со света вода и миро.

Светиот чин беше збогатен и со настапот на женскиот малдински хор Менада под диригентска палка на маестро Ивица Зориќ.

За здравје на присутните верници и нивна заштита по завршувањето на осветувањето владичината кошула беше исечена на парчиња и поделена.

Камен темелникот на црквата Свети Великомаченик Димитриј Солунски беше поставен во 1999 година, а денешниот чин е крунисување на сите активности. Но тука не запираат работите зашто во наредниот период предстои фрескоживописување. Со подршка на населението и на дијаспората денешниот сон на теарчани немаше да стане реалност.

Дождливото време не беше пречка за голем број на верници од Теарце но и од соседните села и градот Тетово да присуствуваат на чинот кој се случува еднаш во 100 години.

250 православни смејства колку што живеат во Теарце освен трите цркви сега имаат и четврта во која ќе можат да ги извршуваат венчавките и крштевките.

Осветувањето на црквата во Теарце беше збогатено со културно уметничка програма.

Според традицијата за големите црковно - народни собири, а по повод денешниот голем чин на осветување на црквата во Терце , за сите присутни верници беа поделени сендвичи, а беше приреден и празничен ручек.

Лилјана Михајловска

 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.