06.03.2013 - Наградени најуспешните творби на литературниот конкурс, кој Библиотеката Светлина од Прељубиште традиционално го распишува по повод 8-ми Март "Денот на жената"

Токму на оваа безвременска тема "мајка" твореа учениците од шесто до осмо одделение од основните училишта во општина Јегуновце. Тие преку своите песни и прозни твроби ја искажаа нивната љубов и почит кон мајката. Нивните творби учестуваа на литературниот конкурс, кој Библиотеката Светлина од Прељубиште традиционално го распишува по повод 8-ми Март "Денот на жената", на тема: "Мајка" и "Жената како столб на семејството". Денес на пригодна свеченост во библиотеката беа доделени наградите за најуспешните творби.

Жири комисијата имаше полни раце работа, на нив им беше доделана најтешката задача да ги одберат најдобрите творби меѓу доставените. Наставниците сметаат дека ваквите конкурси позитивно се одразуваат врз детската креативност.

Библиотеката Светлина во Прељубиште и за во иднина најавува литературни и ликовни конкурси на најразлични теми се со цел да ги мотивира учениците што повеќе да творат, меѓусебно да се дружат разменувајќи ги своите знаења и искуства.

Данијела Петковска



 
     


 
 
28.08.2016 - 25 години од загинувањето на Драгослав Петровски Чиче

28.08.2016 - Одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во Лешок

27.08.2016 - Тетовските земјоделци незаинтересирани за осигурување на посевите

26.08.2016 - Одбележани 15 години од убиството во Бриони кај селото Челопек.

26.08.2016 - Одбележан Денот на единицата во тетовската касарна

26.08.2016 - Физички напад во Тетово

25.08.2016 - Познатиот Жена парк во близина на спортскиот центар во Тетово, започна да се реконструира

25.08.2016 - До 31 август аплицирање за субвенции за осигурување земјоделско производство

24.08.2016 - Советот на општина Тетово ја одржа 40-тата седница

24.08.2016 - Спортскиот центар во Тетово остана без дрвја

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.