16.03.2017 - Kражба на украсни зимзелени дрвца од расадник во Жилче, во вредност од 500 евра.

Кражба на 294 украсни зимзелени дрвца со различна големина од расадник во тетовско Жилче, пријавил вчера наутро 57-годишник вработен-чувар во фирмата, во чија сопственост е расадникот. Според пријавеното претходната вечер помеѓу 22 и 24 часот, засега непознати сторители ги одзеле дрвцата и незабележани од никого, го напуштиле местото. Со одземеното, противправно се стекнале со имотна корист која се проценува на 30 илјади денари. Извршен е увид и се расветлува пријавеното и на откривање на сторителите.

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера предпладне со судска наредба го привеле 23-годишник од гостиварско Дебреше, осуден на двегодишна затворска казна за сторени кражби. По приведувањето и кусото задржување, предаден е во КПУ „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

Шестте албански државјани од Либражд и Кукс, кои вчера наутро биле откриени, односно затекнати при претрес на куќата и помошните простории на 52-годишник во гостиварското село Чајле, попладнето изведени се пред судија за прекршоци на Основниот суд, по што тие се депортирани во нивната матична земја, откако претходно им се изречени забрани за влез во нашата земја од една до пет години.

Албанските државјани на возраст од 22 до 47 години, во најголем број немале пријавено престој, непоседувале лични документи и нелегално работеле на подрачјето, односно биле ангажирани со градежни активности.






 
     


 
 
25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

25.04.2018 - Улиците во Тетово во катастрофална состојба

25.04.2018 - Општините во Полог со заедничка стратегија ќе се справуваат со пополавите

25.04.2018 - Советот на Општина Тетово ќе ја одржи петта седница

24.04.2018 - Денес започнаа градежните работи за рехабилитација на државниот пат, делница Јегуновце -Пршовце

24.04.2018 - Пикник на градскиот плоштад

24.04.2018 - Саем на кариера на Штуловиот универзитет

24.04.2018 - Полициски билтен на СВР Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.