15.03.2017 - Еден малолетник е повреден и задржан во болница во тепачка меѓу две групи на улица во Тетово

Вчеравечер околу 19 часот и 20 минути, на крстосницата на улиците „Маршал Тито“ и „Јане Сандански“ во Тетово бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка во која учествувале две групи млади лица од Слатино и Пршовце, на возраст од 16, 17 и 18 години.

Во тепачката, тие меѓусебно размениле повеќе удари и кога биле забележани од полициските службеници на СВР Тетово, избегале по улицата „Јане Сандански“ кон улицата „Борис Кидрич“.Еден од учесниците во тепачката задобил телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската болница, задржан е за опсервација.

Дел од учесниците во тепачката се веќе идентификувани и во присуство на нивни најблиски повикани се во Полициската станица Тетово, а другите дополнително ќе се повикаат. По целосното расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Денеска наутро од 5 до 6 часот, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, извршиле претрес во куќата и помошни простории на 52 годишен жител на гостиварското село Чајле. При претресот, реализиран со судска наредба, пронајдени, односно затекнати се 6 албански државјани, од Либражд и Кукс, на различна возраст од 22 до 47 години. Тројца од нив имале пријавен престој, а преостанатите немале и нелегално работеле, односно биле ангажирани во градежни активности.

Албанските државјани и сопственикот на куќата приведени се и задржани во Полициската станица Гостивар, а потоа се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Инаку, денешниот претрес во Чајле е во рамките на континуираните активности што ги превзема Секторот за внатрешни работи Тетово за откривање на странски државјани, кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето, но и за расветлување на нивна евентуална инволвираност во кражби или други криминални активности.




 
     


 
 
30.04.2017 - Почнува уписот на првачиња

28.04.2017 - Утре официјално ќе се отвора ВЕРО Џамбо во Тетово

28.04.2017 - Голем одрон од земја и камења вчера го затрупа патот кој води кон рекреативното место Бањиче

28.04.2017 - Средношколците од Гимназијата 7. март победници на Државното првенство во фудбал за средни училишта

28.04.2017 - Денес се навршуваат шеснаесет години од загинувањето на македонските бранители кај тетовско Вејце

27.04.2017 - Голем одрон на патот кон Бањиче

27.04.2017 - Апел од СВР Тетово

27.04.2017 - Крадци одзеле кујнски прибор и пијалоци од хотел во Галичник

27.04.2017 - Вчера во полошко се случиле 4 сообраќајки

27.04.2017 - Во Тетово денес се играат финалните натпревари од Државното првенство во фудбал за средни училишта

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.