17.03.2017 - Тешка кражба во куќа во гостиварско Топлица

Тешка кражба во куќата на неговиот син, времено вработен во Италија вчера пријавил 77-годишник од гостиварското село Топлица.

Во периодот од 14 јануари до 16 март годинава засега непознати сторители, го скршиле стаклото од прозорецот во салонот на приземјето, влегле и одзеле два ЛЦД-телевизори и клучот од влезната врата, кој бил оставен од внатрешната страна, а потоа незабележани од никого се оддалечиле од местото, противправно стекнувајќи се со имотна корист која се проценува на 27 илјади денари. Материјалната штета што ја причиниле во оваа кражба се проценува на 12 илјади денари.

Извршен е комплетен увид, се расветлува пријавеното и се работи на откривање на сторителите, со напомена дека во истиот период било провалено и во соседна куќа, каде е целосно пребарувано, но таму ништо не е одземено.



 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.