17.03.2017 - Се зголемува бројот на прекршоци кои ги прават учесниците во сообраќајот во полошко

Прекршоците кои возачите, но и пешаците ги чинат на поширокото полошко подрачје, последниве денови бележат нагорна линија и покрај бројните превентивно-контролни активности што на овој план ги презема Секторот за внатрешни работи Тетово.

Вчера во Тетово откриени и санкционирани се педесетина најразлични видови прекршоци: 10 возила со истечена регистрација, 7 возачи без дозвола, 4 возачи-почетници и 9 непрописно паркирани возила. Овие и другите прекршоци заокружени се со 30 прекршочни ( 7 за пешаци ) и 19 мандатни платни налози.

Во вчерашните контролни активности во Гостивар, пак, регистрирани се вкупно 55 прекршоци, за кои биле изготвени 14 прекршочни и 45 мандатни платни налози. Најброни прекршоци повторно се: неприлагодена брзина според условите на патот во и надвор од населено место ( глоба од 10 до 400 евра во денарска противвредност и времена забрана за управување од три месеци до една година ), непрописно паркирање ( глоба од 25 до 250 евра, зависно од местото на паркирањето ) и друго.

Во Полошкиот регион и натаму мошне голем е бројот на лицата кои седнуваат зад волан без положен возачи испит и валидна дозвола за управување на моторни возила.

Минатата година на ова подрачје откриени се вкупно 2726 поединци кои немале возачки дозволи, претежно помлади на возраст од 15,16, 17 до 25 години. Тие ги управувале возилата на нивните родители или најблиски, а регистрирани се и случаи кога вршеле и јавен превоз на патници со комбиња, па дури и со автобуси. Оваа појава, за жал, продолжува и во првото тримесечие од оваа година. Просечно дневно се откриваат по десетина „диви“ возачи и исто толку нерегистрирани возила и против прекршителите се изготвуваат соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира посебно до младите, прво да го положат возачкиот испит, па потоа да управуваат возило.Зашто, без тоа не само што ја доведуваат во прашање сопствената, туку и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, но и ќе се соочат со поднесок и законски предвидената глоба од 300 евра во денарска противвредност, додека глоба од 400 евра предвидена е за сопствениците на возилата кои им овозможиле да ги управуваат, а знаеле дека немаат дозвола.

Покрај ова, Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги посетува возачите навреме да ги регистрираат и да ја проверат техничката исправност на своите возила, бидејќи претстои зголемена фрекфренција на патиштата во Полог, како и зголемени контролни активности, со цел навреме да се откријат и оптстранат од сообраќај неисправните и нерегистрираните.

Инаку, минатата година на ова подрачје откриени се вкупно 3249 возила со истечена регистрација и 1717 технички неисправни.

 
     


 
 
12.12.2017 - Предавање посветено на борбата против корупцијата денес одржа Амбасадорот на САД, Џес Бејли на Универзитетот на Југоисточна Европа

12.12.2017 - Истакнатиот македонски уметник, тетовецот Павле Кузманоски оваа година одбележува 50 години творештво

12.12.2017 - СВР Тетово со потсетување на глобите за возење без положен испит

12.12.2017 - Тетовскиот пазар е со раскопан тротоар и без доволно паркиралишта

11.12.2017 - Познати експерти од странство држат предавања на Штуловиот универитет

11.12.2017 - Полицискиот билтен на случувања бележи кражба во продавница за телефонска галантерија во Тетово

11.12.2017 - 17 единици крв се собраа на денешната крводарителна акција во Секторот за внатрешни работи Тетово

11.12.2017 - СВР Тетово со апел до граѓаните

10.12.2017 - Верижен судир на патот Гостивар-Кичево

10.12.2017 - Три сообраќајки во Тетовско

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.