19.03.2017 - Нема обележани пешачки премини пред училиштата

Ова се снимките кои телевизија Кисс ги направи пред влезовите на училиштата во Тетово на почетокот на учебната година, во септември. А ова се снимките кои ги направивме изминатава недела, шест месеци потоа. Тетовските ученици и понатаму не поминуваат на пешачки премини. Хоризонтална сигнализација на коловозите во градот или е целосно избришана или едвај се забележува.

Граѓаните сметаат дека ова е голем пропуст на општинските власти, затоа што тековно одржување на патиштата треба да им биде приоритет особено пред училиштата или пред другите важни институции во градот како што е Клиничката болница.

Во септември од општина Тетово ни изјавија дека обележувањето на хоризонталната сигнализација или нејзино освежување подолго време не било извршено бидејќи на тендерот за изведување на работите не се пријавила ниту една фирма. Општината тогаш изрази надевање дека најдоцна во октомври ќе започне обележувањето на пешачките премини на тетовските улици. Но шест месеци потоа состојбата е непроменета Од општина Тетово ни рекоа дека следната недела ќе не информираат кога ќе започнат работите.

Бирото за јавни набавки на својата интернет страна објави дека за изградба и одржување на хоризонтална и вертикална сигнализација општина Тетово во ноември на тендер има избрано фирма од Скопје. Проценетата вредност на договорот е 5 милиони денари, а вредноста на склучениот договор е половина од тоа. Договорот е со времетраење од 12 месеци и се планира да заврши во ноември оваа година.

До назначувањето на хоризонталната сигнализација на коловозите во градот останува законската обврска на граѓаните улиците да ги минуваат на пешачки премини. Бидејќи во спротивно можат да добијат казни од сообраќајната полиција,за да ги испочитуваат сообраќајните правила и прописи на тетовци им останува да се снаоѓаат како знаат и умеат .


Наташа Петровска


 
     


 
 
25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

25.04.2018 - Улиците во Тетово во катастрофална состојба

25.04.2018 - Општините во Полог со заедничка стратегија ќе се справуваат со пополавите

25.04.2018 - Советот на Општина Тетово ќе ја одржи петта седница

24.04.2018 - Денес започнаа градежните работи за рехабилитација на државниот пат, делница Јегуновце -Пршовце

24.04.2018 - Пикник на градскиот плоштад

24.04.2018 - Саем на кариера на Штуловиот универзитет

24.04.2018 - Полициски билтен на СВР Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.