20.03.2017 - Со нож нападнати двајца тетовци

Двајца тетовци на возраст од 26 и 30 години ноќеска биле нападнати со нож, здобивајќи се со повреди по вратот грбот и екстремитетите. Двајцата повредени со возило на Брза помош пренесени се во тетовската клиничка болница, укажана им е помош, по што помладиот поради сериозноста на повредите, префрлен е на скопските клиники.

Осомничени за нападот се 34 годишен жител на Тетово и неговиот две години помлад брат. Двајцата се приведени и задржани во полициската станица во Тетово. Напаѓачите и повредените претходно физички се пресметале а инцидентот се случил на улиците Браќа Миладинови и Благоја Тоска во Тетово. Извршен е комплетен увид, пронајдени и подигнати се траги за вештачење, како и еден нож на расклопување. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.

Полицискиот билтен ноќеска регистрираже пожар во едно кафуле лоцирано на улицата ЈНА. Пламените јазици настанале, откако непознати лица најпрво го искршиле изложното стакло од објектот и во неговата внатрешност е фрлиле молотов коктел.

Опожарени се 2 дрвени маси, 12 сточиња, од кои 2 шанкерски, а оштетени се и шанкот и подот, како и дел од музичка опрема. Нема повредени во објектот. Извршен е увид, пронајдени се повеќе траги и предметот кои ќе се вештачат. Се работи на расветлување на сите поединости поврзани со случајот, на откривање на сторителите и на утврдување на вкупната материјална штета.


Во рамките на планираните активности од областа на јавниот ред и мир, изминатиот викенд во Тетово, од 23 до 2 часот по полноќ, спроведена е акциска контрола за мерење на бучавата во и околу угостителските објекти. Со контролата вкупно опфатени се 7 угостителски објекти во централното градско подрачје.

Во еден од нив, измерени се 92,4 децибели, односно 34,2 децибели повеќе од дозволеното и веднаш му е изготвена пријава согласно член 8 став 1 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Вакви и слични активности предвидени се и во наредниот период, не само во деновите на викендите, туку и воопшто, со цел да се превенираат и санкционираат можните нарушувања на јавниот ред и мир со пуштање на прегласна музика.


 
     


 
 
30.04.2017 - Почнува уписот на првачиња

28.04.2017 - Утре официјално ќе се отвора ВЕРО Џамбо во Тетово

28.04.2017 - Голем одрон од земја и камења вчера го затрупа патот кој води кон рекреативното место Бањиче

28.04.2017 - Средношколците од Гимназијата 7. март победници на Државното првенство во фудбал за средни училишта

28.04.2017 - Денес се навршуваат шеснаесет години од загинувањето на македонските бранители кај тетовско Вејце

27.04.2017 - Голем одрон на патот кон Бањиче

27.04.2017 - Апел од СВР Тетово

27.04.2017 - Крадци одзеле кујнски прибор и пијалоци од хотел во Галичник

27.04.2017 - Вчера во полошко се случиле 4 сообраќајки

27.04.2017 - Во Тетово денес се играат финалните натпревари од Државното првенство во фудбал за средни училишта

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.