19.03.2017 - Годишнина од формирањето на ЦК на КПМ

Денешниот датум е забележан во историјата како ден кога во Тетово е формиран Центалниот комитет нав Комунистичката партија на Македонија. На свечен собир денес во спомен куќата беше прославена 74-годишнината од овој настан.

Централниот комитет на Комунистичката партија на Македонија е формиран на 19 март во 1943 година во куќата на семејството Јовановци во наслебата Два бреста, што денес е Музеј. Пригоден реферат за неговото значење пред присутните прочита Велимир Цветановски, виш кустос во Музејот на тетовскиот крај.

Букети свежо цвеќе на споменикот на Јосип Броз Тито положија делгации на: Сојузот на борци, Организацијата на резервни официри, ОК на ВМРО-ДПМНЕ, ОО на СДСМ, Сојузот на Титови леви сили од Скопје, Граѓанско Здружение Јосип Броз Тито, Одборот на бранители, Здружението на пензионери, Здружението на трудови инвалиди, Здружението Македонски херои и делагација на Македонско - хрватско друштво.

Данијела Билбилоска




 
     


 
 
22.06.2017 - Високите температури ја зголемија опасноста од пожари

22.06.2017 - Нестручно изведени шахти на новоасфалтираната улица во Тетово

21.06.2017 - Отворен Бест Маркет во трговскиот центар Ремол во Тетово

20.06.2017 - Земјоделците да пријават штети од невреме до 30 јуни

19.06.2017 - Екипата на Перпласт е победник на годинешниот ноќен турнир во мал фудбал Бобе Јуниор 2017

19.06.2017 - Продолжува "трендот" на управување на возила без возачки испит

19.06.2017 - Правилно да се користат клима уредите

19.06.2017 - Кражба во маркет во Гостивар

17.06.2017 - Избрани претставнички од Македонија за Изборот на косовска девојка

17.06.2017 - Поскапувањето на цигарите нема големо влијание на пушачите.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.