18.03.2017 - Не се преземаат мерки против аерозагадувањето


Сезоната на загаден воздух помина, но властите не презедоа ниту една мерка, со која би се намалила аерозагаденоста на воздухот во Тетово во зимскиот период.

Во градот под Шара, надлежните ниту работат на утврдување на изворите на штетните честички во воздухот, за разлика од Битола и Скопје, каде се докажа дека најголем удел во аерозагадувањето има огревното дрво, потоа следува прашината, сообраќајот и индустријата.

Дарко Спироски од Институтот за животна средина при Штуловиот универзитет, вели дека и без анализа може да се заклучи дека воздухот во Тетово, највеќе се загадува од користењето на дрвната маса за затоплување на домаќинствата.

Повеќе светски студии говорат дека еден килограм дрво, при согорување испушта ококу 15 грама ПМ честички. Ако се знае дека во Тетово за една зимска сезона се користат над 100 000 кубни метри огревно дрво, тогаш ќе се дојде до одговор дека со загревањето на домовите, за еден час во тетовскиот воздух се испуштаа штетни честички, чија концетрација е поголема за 20 пати од максималните граници, вели Спировски

Спировски смета дека потребно е итно државата да изнајде начини, и да ги мотивира граѓаните огревното дрво да го заменат со друга маса на затоплување. Во меѓувреме потребни се мерки за регулирање на сообраќајот и поголема хигиена во градот, кои исто така се големи загадувачи на воздухот.

И изминативе денови аерозагадувањето во Тетово во вечерените часови, беше за неколку пати поголемо од дозволените граници.

 
     


 
 
22.06.2017 - Високите температури ја зголемија опасноста од пожари

22.06.2017 - Нестручно изведени шахти на новоасфалтираната улица во Тетово

21.06.2017 - Отворен Бест Маркет во трговскиот центар Ремол во Тетово

20.06.2017 - Земјоделците да пријават штети од невреме до 30 јуни

19.06.2017 - Екипата на Перпласт е победник на годинешниот ноќен турнир во мал фудбал Бобе Јуниор 2017

19.06.2017 - Продолжува "трендот" на управување на возила без возачки испит

19.06.2017 - Правилно да се користат клима уредите

19.06.2017 - Кражба во маркет во Гостивар

17.06.2017 - Избрани претставнички од Македонија за Изборот на косовска девојка

17.06.2017 - Поскапувањето на цигарите нема големо влијание на пушачите.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.