16.05.2017 - Пребрзото возење причина за две сообраќајни незгоди во тетовско

Две сообраќајни незгоди се случиле во текот на вчерашниот ден. Околу 21 часот на локалниот пат Желино-Стримница, скутер „Боатин“ со тетовски регистерски таблици, што без дозвола го управувал лице од од Стримница на возраст од нецели 18 години, загубил контрола и излегол од коловоз. Од излетувањето, мотоциклистот задобил телесни повреди, со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштен е на домашно лекување. Извршен е увид и се утврдува причината за излетувањето, околностите и другите поединости. Првично, причина е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.

Предходно, пак, во 14 часот исто така поради неприлагодена брзина на регионалниот пат Тетово-Желино, патничко возило „Голф“ со тетовски таблици, управувано од 48-годишник од Боговиње, загубило контрола и излегло од коловоз. При тоа, возачот задобил телесни повреди, пренесен е во тетовската болница и по укажаната лекарска помош, пуштен е дома, а од излегувањето на возилото од коловозот, оштетени се повеќе од 6 метри од жичаната ограда и два метални столба. Вкупната материјална штета причината во оваа несреќа се проценува на 150 илјади денари.

Инаку со цел да придонесе за поголема безбедност на тетовските улици и околните регионални и локални патишта на тетовското подрачје, вчера била спроведена акциска контрола со која вкупно се опфатени 58 возила, од кои 22 биле упатени на вонреден технички преглед, а 2 не се јавиле и ќе се соочат со поднесок и глоба од 300 евра во денарска противвредност.

Од технички контролираните во акцијата, 5 имале неисправни сопирачки, 8 истечена регистрација, кај 2 возила утврден е претовар, 1 возач управувал без дозвола, 1 некористел појас, 1 неносел дозвола и така натаму.

Поради откриените недостатоци, 13 возила и 1 возач веднаш се исклучени од сообраќај, на 16 им се изготвени прекршочни, на 3 мандатни платни налози, додека 2 возачи поминале само со опомени, со напомена дека глобата за техничка неисправност изнесува 400 евра во денарска противвредност.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
20.09.2017 - Tешка кражба во автомобил

19.09.2017 - Не постои магична формула од превенција со трогија со луѓе, но клучот е во информираноста, сметаат од невладината организација Отворена Порта.

19.09.2017 - Во центарот за култура во Тетово ќе се прикажат два филма кои се дел од Францускиот филмски фестивал

19.09.2017 - Полицијата информира дека е приведено тетовец кој се барал за издржување на тригодишна затворска казна

18.09.2017 - Одбележани значајни настани од историското минато во Музејот на тетовскиот крај

18.09.2017 - Три сообраќајки со 8 повредени лица во тетовско

18.09.2017 - Викендов се одиграа редовните првенствени кола во Првата и Втората фудбалска лига

18.09.2017 - 10-тина интервенции на тетовските и гостиварските пожарникари во текот на вчедрашниот ден

17.09.2017 - Во мавровското село Беличица одбележани 72 години од трагичните настани во кои беа убиени борци од третиот тетовски партизански одред и жители на селото

16.09.2017 - Концерт во Тетово на етно составот "Езерки" од Хрватска

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.