18.05.2017 - Карате клубот Шарпланинец од Тетово со сопствена сала за одржување на тренинзи
Благодарение на освоеното 3 место на Државниот карате натпревар на Републука Македонија, членка на карате клубот Шарпланинец од Тетово ќе учествува на Балканскиот карате натпревар во Истанбул, Турција. На последниот Меѓународен турнир "Солидарност опен" во Скопје, карате клубот Шарпланинец се закити со 11 медали, секој натпреварувач освои некое од првите три места.
По 5 години постоење од неодамна карате клубот Шарпланинец од Тетово располага и со сопствена сала за одржување на тренинзите.
Во карате клубот Шарпланинец од Тетово активно тренираат околу 50 каратисти.
Наташа Петровска
|
|